Заменик-државниот секретар Ричард Армитаџ, кој престојува во посета на Брисел, на разговори со претставници на ЕУ и НАТО, изрази уверување дека резолуцијата ќе даде одговор на загриженоста што постои меѓи членките на Советот за безбедност.
“Верувам дека можеме, пред се́ во резолуцијата, да ги задоволиме барањата и ставовите на најголем дел од 15-те членки на Советот за безбедност“, изјави господинот Армитаџ.
САД и Британија вчера поднесоа ревидирана верзија на нацрт-резолуцијата со која се регулира какви ќе бидат односите меѓу новата привремена ирачка влада и трупите на мултинационалната војка под американско раководство која ја окупира земјата.
Г-динот Армитаџ за новинарите изјави дека мандатот на силите по предавањето на суверенитот на Ирак на 30 јуни ќе биде изложен и во писма кои ќе бидат разменети меѓу Вашингтон и привремената влада.
“Во нив ќе бидат изложени односите меѓу ирачките министерства за одбрана и за внатрешни работи и командантот на мултинационалните сили“, изјави господинот Армитаџ.
Новата американско-британска нацрт резолуција беше поднесена откако неколку членки на Советот за безбендост, меѓу кои Франција и Германија, побараа конкретен датум за крај на операциите на мултинационалните сили во Ирак.
Во новата нацрт-резолуција не се конкретизира датумот, но г-динот Армитаџ вели дека тоа прашање ќе биде вклучено во финалната резолуцијата.
“Во резолуцијата ќе има одредба за ревизија, за задолжителна ревизија, по 12 месеци или можеби порано, доколку тоа го побара привремената ирачка влада“, тврди господинот Армитаџ.
Некои членки на Советот за безбедност инсистираат во резолуцијата јасно да се наведе дека ирачките трупи и полиција треба да имаат право да одбијат воена наредба од американската команда. Но, г-динот Армитаџ смета дека тоа не треба да биде предмет на резолуцијата.
“Се разбира дека доколку се работи за суверена влада, тие ќе можат да одбијат, но овие работи се предмет на договор меѓу командантот на мултинационалните сили и суверената влада“, вели господинот Армитиџ.
Американски дипломати велат дека новата привремена ирачка влада веројатно ќе потпише договор со коалицијата под американско раководство, според кој мултинационалите сили ќе продолжат со операциите во земјата под мандат на ОН, се́ додека ирачките сили не бидат подготвени за преземање на одговорноста за безбедноста во земјата.