Линкови за пристапност

Кој е Моктада ал Садр? - 2004-04-13


Во Ирак, Моктада ал-Садр, самоповиканиот верски лидер на Муслиманите Шиити, ја узурпираше власта во светиот град Наџаф. Неговите следбеници ги окупираа полициските станици и владините згради. Тие лажно тврдат дека водат востание на Муслиманите Шиити против коалицијата предводена од САД. Всушност, тие учествуваат во голо приграбување на власта на сметка на ирачкиот народ. Меѓу многуте Ирачани кои повикуваат на запирање на насилствата е големиот Ајатолах Али ал-Систани, водечкиот свештеник на ирачките Шиити.

Моктада ал-Садр потекнува од познато шиитско семејство. Во 1999 година, неговиот татко големиот ајатолах Мохамед Садик Садр бил убиен заедно со двајцата други синови, очигледно од страна на безбедносните сили на Садам Хусеин. Моктада се обидува да се претстави за наследник на неговиот татко. Всушност тој има релативно малку следбеници.

Но Моктада ал-Садр има врски надвор од Ирак, вели Ураиб ел-Рантави, раководител на Центарот за политички студии ал-Кудс во Јордан:

„Тој е добро поврзан со ирачкото свештенство, особено со ајатолахот Казем ал-Хери. И тој се обидува да го следи примерот на она што се случува во Либан со раководството на Хезболах и шеикот Ахмед Јасин на Хамас“, вели тој.

Со други зборови, Моктада ал-Садр е поврзан и со терористичките групи и со една од водечките држави во поддршката на тероризамот, Иран. Но врските на Садр со водечките ирачки свештеници не се толку добри. Всушност тој е обвинет за соучесништво во бруталното убиство на почитуваниот шиитски свештеник Абдул Маџид ал-Хуи во април 2003-та.

Британскиот премиер Тони Блер вели дека Садар припаѓа на малцинството што не сака демократија во Ирак.

„Сега го имате овој свештеник кој е екстремист и фанатик и не сака она што го сака мнозинството Шиити, и не води грижа што мнозинството Ирачани сакаат демократски Ирак“, рече г-динот Блер.

Претседателот Џорџ Буш вели дека луѓето како Моктада ал-Садр нема да ја спречат коалицијата предводена од САД да ги исполни своите ветувања на ирачкиот народ.

„Нема да не заплашат разбојници и убијци. Нема да избегаме од народот што чезнее за слобода, знаете ли зошто? Ние сфаќаме дека слободен Ирак е можност да се помогне светот да стане помирен“, вели претседателот Буш.

Можеби ќе потрае подолго додека Ирачаните “сфатат што е слобода“, вели претседателот Буш. Но САД ќе останат на курсот во Ирак.“

XS
SM
MD
LG