Линкови за пристапност

Буш: Осуда на злосторничките акти на тероризам во Шпанија - 2004-03-11


Претседателот Буш телефонски разговараше со шпанските лидери, изразувајќи им сочувство за серијата бомбашки напади во Мадрид во кои загинаа најмалку 186 лица, а над 600 се повредени.

Претседателот Буш со најостри термини ги осуди, како што Белата куќа ги нарекува „овие злосторнички акти на тероризам“.

Г-динот Буш рече дека во телефонските разговори со кралот Хуан Карлос и премиерот Хозе Мариа Азнар изразил најдлабоко сочувство за загинатите и побарал божји благослов за оние кои страдаат во како што ја нарече „големата држава Шпанија“.

„Им кажав дека жалиме заедно со семејствата. Ние цврсто стоиме заедно со народот на Шпанија. Многу ја ценам борбата на шпанската Влада против тероризмот, нивниот одлучен став против терористичките организации како ЕТА. И САД се заедно со нив“, рече американскиот претседател.

Се смета дека баскиската сепаратистичка организација ЕТА води 30-годипна кампања на насилство против шпанската Влада. Иако досега никој не ја презеде одговорноста за бомбашките напади што се случија во во најактивниот дел од денот, шпанскиот мнистер за внатрешни работи изјави дека нема соменвање оти зад убиствата стои ЕТА.

Лидерот на забранетата баскиска политичка партија ги негира овие тврдења, и наместо тоа сугерирајќи дека за нападите е одговорен наводниот „арапски отпор“.

Шпанија даде цврста поддршка на борбата против тероризмот на претседателот Буш и војната во Ирак. Заедно со британскиот премиер Тони Блер, г-динот Азнар на претседателот Буш му даде важна европска поддршка за инвазијата под американско раководство, во време кога Франција и Германија бараа инспекции на оружјето од страна на ОН.

Премиерот Азнар му даде поддршка на претседателот Буш во однос на Ирак и покрај внатрешното противење во Шпанија. Во моментов во Ирак се распоредени околу 1.300 шпански сили.

XS
SM
MD
LG