Линкови за пристапност

Загриженост заради загрозување на верската слобода во 11 земји - 2004-02-19


Претседавачот со американската Комисија за меѓународни верски слободи, Мајкл Јанг вели дека групата одредила 11 земји како треба да се означат како земји кои предизвикуваат посебна загриженост.

Тоа се Бурма, Кина, Еритреја, Индија, Иран, Северна Кореја, Пакистан, Саудиска Арабија, Судан, Туркменистан и Виетнам. Тој побара од Стејт Департментот во следниот извештај за состојбата со религиозните слободи да ги спомене овие земји и да преземе посилни мерки за нивно поттикнување кон напредок.

“Ова истакнување не значи дека задолжително ќе бидат воведени санкции против земјата, ниту пак некоја конкретна акција, но тоа предвидува дека државниот секретар ќе се ангажира на највисоко ниво во однос на таа земја за постигнување договор кој опфаќа спроведување на одредени чекори за подобрување на ситуацијата со националните или верските слободи во конкретната земја“, рече господинот Јанг.

Од наведените 11 држави, пет веќе се влезени во извештајот за верските слободи на Стејт Департментот од 2003 година. Но шест од нив - Еритреја, Индија, Пакистан, Саудиска Арабија, Туркменистан и Виетнам не беа споменати. Г-динот Јанг вели дека ова не е првпат неговата Комисија да ја критикува Саудиска Арабија.

“Според извештајот на Стејт Департментот, а не извештајот на нашата Комисија, во Саудиска Арабија не постои слобода на верско изразување. Тоа е едноставна категорична изјава. На таков начин тие ги започнуваат своите анализи. И според наше мислење, Саудиска Арабија е земја со која тесно соработуваме и соработката во однос на овие прашања треба да биде подлабока и ова мора да биде една од поважните точки на кои ќе се фокусира оваа соработка“, вели господинот Јанг.

Тој додава дека истото може да се каже и за Виетнам и за Туркменистан.

“Мислам дека е фер да се каже оти ситуацијата во Туркменистан веројатно се влошува и повеќе заслужува осуда годинава, одошто минатата година, но и минатата година имаше голема причина за тоа. Всушност целокупната репресија на човековите права во Туркменистан е загрижувачка“, изјави господинот Јанг.

Во однос на Индија, во Комисијата имало несогласувања на мислењата за тоа дали таа треба да биде вклучена на листата на земји кои предизвикуваат посебна загриженост. Но г-динот Јанг рече дека сите деветмина членови се согласиле по една работа во однос на Индија.

“Нема несогласувања во Комисијата во однос на тоа дека има многу нерешени проблеми, дека индиската Влада не се дистанцирала себе си од екстремистичките ставови и фактички, во загрижувачка мерка, таа била во сојузништво со нив“, кажа господинот Јанг Белата куќа, Претставничкиот дом и Сенатот назначија по тројца членови на Комисијата. Секој член има двегодишен мандат со можност за повторно назначување. Во актуелниот состав на Комисијата има тројца Католици, по еден Индус Евреин, Мормон и Муслиман и двајца Протестанти.

XS
SM
MD
LG