Линкови за пристапност

Продолжуваат преговорите за обединување на Кипар - 2004-02-19


Претседателот на Кипарските Грци Тасос Пападопулос и лидерот на Кипарските Турци Рауф Денкташ ги започнаа разговорите во присуство на специјалниот пратеник на ОН Алваро де Сото. Тие минатата недела во седиштето на ОН се согласија на продолжување на преговорите по планот кој ќе води до постигнување спогодба во следните неколку недели, која тимовите на преговарачи не успејаа да ја постигнат речиси 30 години.

Г-динот Де Сото се чини дека е убеден оти најновиот обид за донесување мир на Кипар ќе биде успешен.

“Ние речиси сме на целта или сме блиску до неа, со планот поднесен од генералниот секретар на ОН“, кажа господинот Де Сото.

Планот, создаден од генералниот секретар на ОН Кофи Анан предлага создавање на една држава со грчки и турски говорни области, кои ќе бидат во лабава федерација.

Но главни точки на агендата ќе бидат многу нерешени прашања. Тоа е проблематичното прашање за правото на сопственост, за преселување на бегалците етнички Грци кои пребегале на југ, за време на турската инвазија во 1974 година и присуството на околу 40.000 турски трупи на островот.

Само неколку часа пред закажаниот почеток на разговорите, мала бомба експлодирала пред домот на премиерот на Кипарските Турци Мехмет Али Талат, кој е главен заговоарач за повторно обединување. Неговиот сосед бил повреден од скршените стакла. Г-динот Талат го осуди нападот и вети дека разговорите ќе продолжат.

Оваа рунда разговори ќе трае до пет недели, со три состаноци неделно. Доколку разговорите завршат со некои нерешени прашања, генералниот секретар Анан ќе ги повика Грција и Турција да се приклучат во дискусиите.

Како последна опција, кипарските лидери се согласија г-динот Анан да биде надлежен за решавање на најпроблематичните прашања. Конечниот план на кипарските гласачи ќе им биде предложен на референдум закажан за април.

На јужниот дел на Кипар, главно населен со етнички Грци веќе му е одобрен влез во ЕУ на 1 мај. Доколку се случи реунификација, тогаш целиот осторв ќе биде примен во ЕУ.

XS
SM
MD
LG