Линкови за пристапност

Претседателот Буш загрижен од најновите случувања во Сан Франциско каде се издаваат брачни дозволи на двојки од ист пол  - 2004-02-18


Браковите меѓу лица од ист пол е чувствително прашање во САД и стана дел од актуелната претседателска кампања.

Претседателот Буш верува дека бракот треба да се дефинира како заедница меѓу маж и жена. Тој и претходно најави можен уставен амандман што бракот меѓу двојките од ист пол ќе го направи противзаконски. Господинот Буш беше дециден дека најновите случувања во Сан Франциско, може да влијаат на актуелизирање на неговиот предлог.

„Внимателно следев што се случи во Сан Франциско, каде се издаваат дозволи за брак, иако законот го налага спротивното. Јас постојано истакнував дека ќе го поддржам законот за заштита на бракот меѓу маж и жена и очигледно овие случувања ќе повлијаат на мојата одлука“, вели Буш.

Во изјавата за новинарите пред почетокот на средбата со претседателот на Тунис, господинот Буш беше запрашан дали наскоро ќе донесе одлуката во врска со тоа. Тој не даде временска рамка, но ја повтори својата загриженост по ова прашање.

„Загрижен сум за она што го видов. Народот мора да бидат вклучен во оваа одлука. Бракот мора да биде дефиниран од народот, а не од судовите. Внимателно следам што се случува“, истакна претседателот.

Уште од минатиот четврток, кога властите во Сан Франциско соопштија дека ќе го тестираат законот во оваа федерална држава со кој се забрануваат вакви заедници, илјадници двојки од ист пол аплицираа за добивање брачни дозволи. Две конзервативни групи се обидуваат да ја спречат оваа пракса и преку судскиот систем во држвата и првичната пресуда по прашањето се очекува да биде донесена уште во петок.

XS
SM
MD
LG