Линкови за пристапност

Политички профил на конгресменот Дик Гепхард еден од кандидатитие за претседател од Демократската партија  - 2004-01-15


Ричард Гепхард веројатно на себе има повеќе лузни од битки за позиција по 14-те години минати во Конгресот, за разлика од било кој од 8-те Демократи и негови ривали.

Своевремено конзервативен Демократ, г-динот Гепхард помина низ период на политичка трансформација откако стана конгресмен во 1977-та година.

Меѓу промените во ставовите е и опонирањето на правото на абортус, прилагодувајќи ги своите филозофии за постигнување на поголема согласност со традиционалните ставови на Демократската партија.

Овие промени честопати му наштетуваат на конгресменот Гепхард, што го прави отворен за критики како од Демократите, така и од Републиканците.

Во 1988-та година г-динот Гепхард им се придружи на кандидатите за претседателската функција од Демократската партија. Притоа неговата кампања не беше најуспешна и од политичките експерти и новинари тој беше окарактезиран како човек кому му недостасува страст, што резултираше тој да се откаже од претседателската трка иако имаше задоволителни резултати на првиот тест во Ајова.

Настрана од историскиот факт што ниту еден претставник од Претставничкиот дом не е избран за претседателската функција од 1880-та година наваму, г-динот Гепхард мораше да ги надмине перцепциите за неефикасност во улогата на лидер на Демократите во Конгресот.

Како 8-годишен лидер на малцинството во Претставничкиот дом и покрај постојаното повеќе присилно артикулирање на суштинските ставови на Демократската партија, тој и натаму се смета за еден од виновниците за неуспехот Демократите да го вратат мнозинството во Претставничкиот дом.

Фрустрацијата околу ова и неговиот неуспех да стане спикер Претставничкиот дом, беа причина за напуштање на функцијата лидер на Демократите во Претставничкиот дом по изборите во 2002-та, што на Републиканците им ја донесе контролата во Конгресот. Г-динот Гепхард тогаш формално и ја предаде лидерската функција на својот сопартиец, Ненси Пелоси.

„Дик Гепхард ја предводеше нашата партија во Конгресот со одличен интелект, со одлично достоинство и за нас постави мошне високи стандарди за работа во име на американскиот народ“, истакна Пелоси.

На тоа Гепарт одговори.

„Ненси Пелоси ќе изврши одлична задача, таа ова го извојува по сопствена заслуга и нејзините лидерски способности. Сигурен сум дека со нејзиното лидерство ќе го вратиме мнозинството во Претставничкиот дом во 2004-та“.

Но решавачкиот момент во кариерата на г-динот Гепхард е неговата одлука кон крајот на 2002-та да ја поддржи резулоцијата зад која стоеше Белата куќа, а со која на претседателот му се даваше дозвола да употреби воена сила во Ирак.

Со многумина Демократи кои беа проитв резолуцијата, г-динот Гепхард преговараше со администрацијата на претседателот, и гласаше во нејзина корист. За време на церемонијата во Белата куќа, тој вака ја образложи својата одлука.

„Според нас, ирачката употреба и продолжително работење на програмите за оружјето за масовно уништување во комбинација со напорите на терористите да дојдат до ваквото оружје, претставува уникатна и опасна закана по нашата националана безбедност. Многумина од нас веруваат дека треба да се се справиме со оваа закана, дипломатски ако можеме, воено, ако мораме“, вели конгресменот Гепхард.

Неколку месеци подоцна, тој и останатите Демократи како и актуелните претседателски кандидати Џозеф Либерман и Џон Кери се соочија со тешки прашања за одлуктаа да ја поддржат воената акција во Ирак.

Ова очигледно негативно влијаеше на неговата поддршка меѓу анкетираните.

На дебатите со останатите Демократски кандидати, конгресменот Гепхард ја засили критиката на адреса на претседателот Буш, нарекувајќи го „бедно потфрлање“.

„Повеќепати на почетокот на минатата година сум му кажал на претседателот Буш, дека треба да ја добие поддршката на ОН, на НАТО, дека треба да ги започне инспекциите, дека треба да направи алијанса за да се стори она што треба. Тој не успеа во тоа. На седум или осум месеци по настанот, тој с еуште не го сторил тоа“, кажа Гепхард.

Политичките аналитичари велат дека на г-динот Гепхард му е неопходно потребна победа во првичните партиски избори во Ајова.

Новинарот на Вашингтон пост, Ден Балз за мрежата Пи Би Ес изјави.

„Доколку Дик Гепхард го победи Хауард Дин во Ајова, што секако е можно, што секако е можно зашто изгледа дека има многу Демократи во Ајова кои не знаат за кого ќе гласаат, а г-динот Гепхард има силна база меѓу работничкото население, ќе дојде до промена на динамиката во овој процес“, вели господинот Балз.

Сепак, испитувањата на јавното мислење покажуваат дека Хаурд Дин, кој има поддршка во некои клучни работнички синдикати, кои вообичаено би биле на страната на конгресменот Гепхард, води во Ајова и во Њу Хемшир.

Г-динот Гепхард вложува поголеми напори во Јужна Каролина, уште една држава каде ќе се одржат првичните партиски избори и држава во која би се покажала неговата способност да ја придобие поддршката меѓу афро-американските гласачи.

Како и да е, нему му е јасно дека победата во Ајова е мошне потребна доколку сака да остане фаворит во трката за маерикански претседател.

XS
SM
MD
LG