Иран - земјотрес
Спасувачките екипи во Иран соопштија дека нивните активности за потрага и спасување на преживеани, полека се префрлуваат на помагање на оние што останале без своите домови и на повредените во катастрофалниот земјотрес што во петокот го погоди југоисточниот град Бам.
Ираски официјални лица велат дека десетици илјади луѓе спијат под отворено небо, бидејќи во земјотресот се уништени околу 80 проценти од куќите. Иранските државни медиуми денеска јавија дека веќе се погребани телата на 28.000 загинати во овој историски град. Некои претставници на иранската Влада исто така предвидуваат дека бројот на загинатите би можел да биде до 50.000. Во Иран пристигнува помош од агенциите на ОН и од многу земји ширум светот, меѓу кои и САД, кои повеќе од 2 децении немаат официјални дипломатски односи со Иран.
САД - Иран
Иранскиот претседател Мохамед Катами се заблагодари за американската помош за жртвите на земјотресот, истакнувајќи дека тоа нема да ги промени односите меѓу Техеран и Вашингтон.
Претседателот Катами во денешниото обраќање во провинцијата Керман, во близина на погодениот град Бам, рече дека само промена во американската политика кон Иран ќе води до обнова на дијалогот меѓу двете држави. Изјавата на иранскиот претседател уследи по коментарите на американскиот државен секретар Колин Пауел во денешен Вашингтон Пост, дека Вашингтон е отворен за нов дијалог со Иран. Г-динот Пауел посочува, како што ги нарекува неколку охрабрувачки чекори од страна на Техеран во изминативе месеци, како што е одлуката да се дозволат ненадејни инспекции на неговите нуклеарни капацитети.
Ирак
Во експлозија на бомба поставена покрај пат во една многу посетена трговска област во Багдад денеска загинал еден Ирачанец, а најмалку едно лице е повредено.
Официјални лица соопштија дека експлозијата се случила во моментот кога поминувал американски конвој, но нема повредени во редовите на американските трупи. Во меѓувреме, американската армија соопшти дека во акција во градот Бакуба уапсила еден поранешен разузнавачки службеник припадник на Баатистите и неколкумина бунтовници. Весникот Лос Анѓелес Тајмс пишува дека документи пронајдени во Ирак покажуваат оти една сириска компанија на владата на Садам Хусеин и продала конвенционално оружје и опрема во вредност од десетици милиони долари, и покрај ембаргото на ОН.
Воздухопловна безбедност

Германија - безбедност
Германската полиција постави безбедносен кордон околу една болница во Хамбург откако добила информација за планови на исламските милитанти да детонираат автомобил бомба во објектот.
Во изјавата, полицијата вели дека властите реагирале на добиените конкретни докази за планови на исламските теористички кругови за извршување напад. Во изјавата, заканата се квалификува како многу сериозна. Полицијата ги прегледува сите возила во областа и го ограничи пристапот во болницата. Одговорниот за безбедноста во Хамбург Дирк Нокеман изјави дека постојат сомневања оти зад овие планови стои радикалната исламска група Ансар ал ислам. Тој додаде дека информацијата за плановите потекнува од американски разузнавачки извори.
Буш и Хилари најобожувани во САД
Истражување што се врши секоја година покажува дека Претседателот Буш и поранешната Прва дама Хилари Родам Клинтон се најобожуваните луѓе во Америка.
Републиканскиот претседател беше избран од 29 проценти од илјада интервјуирани возрасни лица, што беше извешено од страна а СиЕнЕн –Ју-Ес-Еј и Галуп. Американскиот државен секретар Колин Пауел и Папата Јован Павле биле избрани од четири проценти, додека два проценти од испитаниците го избрале поранешниот јужноамерикански Претседател Нелсон Мандела.
Сенаторот Клинтон добила 16 проценти од гласовите. Со тоа таа заврши прва на ова истражување седум пати од 1995. Седум проценти ја избраа водителката на отворената телевизиска програма Опра Винфри или Првата дама Лора Буш, а шест проценти гласале за советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс.
Во истражувањето било поставено прашање на кое испитаниците можеле сами да понудат имиња за оваа титула.