Линкови за пристапност

САД и Кина против независност на Тајван - 2003-12-09


Загриженоста околу Тајван се појави по одлуката лидерите на оваа земја за одржување референдум во следните три месеци кои би можеле да доведат до помасовно барање за формална неависност од Кина.

По вчерашната средба со кинескиот премиер, претседателот Буш рече дека ниту една од двете земји не треба се обидува да ги променува односите што ги раздовија уште во 1949 година.

“Ние се противиме на секаква еднострана одлука, независно дали од Кина, или од Тајван, за промена на сегашниот статус. Коментарите и активностите од страна на лидерот на Тајван индицираат дека тој можеби сака да донесува унилатерални одлуки за промена на овој статус, на што ние се противиме“, кажа претседателот Буш.

Кина го смета Тајван за неодвоив дел од нејзината територија и веќе од одамна се има закането дека ќе употреби воена сила за да спречи секаков обид за прогласување независност. Премиерот Вен вели дека Кина сака мирољубива реунификација со Тајван и оти тајванскиот лидер Чен Шуи Бјан намерно го заведува народот. Премиерот Вен рече дека Кина ја цени американската позиција во однос на планираниот референдум на Тајван.

Г-динот Буш рече дека посетата на кинескиот лидер е одраз на соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и во обидот да се убеди Северна Кореја да се откаже од програмата за нуклеарно оружје.

“Ние сме партнери во дипломатската работа со цел да се справиме со опасностите на 21 век“, рече американскиот претседател.

Претседателот Буш изрази благодарност за лидерството на Кина во повеќестраните разговори меѓу Северна и Јужна Кореја, Русија, Јапонија, Кина и САД. За време на посетата на кинескиот премиер на САД се разговора и за разликите околу стапката на размената на валутите, Тибет и човековите права. Според г-динот Буш отворените разговори по овие прашања се дел од здравите американско-кинески односи.

XS
SM
MD
LG