Линкови за пристапност

Се одбележуваат 40 години од Маршот на Вашингтон - 2003-08-28


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

На денешен ден, 28 Август, се одбележуваат 40 години од настан кој го привлече вниманието на луѓе од целиот свет. Тоа е денот кога во 1963 повеќе од 250 илјади Американци се собраа кај споменикот на Линколн во Вашингтон за да земат учество на Маршот на Вашингтон за работни места и слобода.

Учесниците имаа неколку цели пред себе, но но пред се тие сакаа црните Американци да бидат третирани подеднакво како и Американците од белата раса, и тоа не само пред законот туку и во пракса.

Доктор мартин Лутер Кинг Џуниор го даде тонот на настанот со зборовите:

"Ние мораме нашата борба да ја водиме на височините на достоинството и дисциплинирано. Ние не смееме да дозволиме нашиот креативен протест да дегенерира во физичко насилство. И повторно, ние мораме да се издигнеме на грандиозни височини за да пресретнеме физичката сила со духовната. Големата нова милитантност која се вгнезди во црнечките заедници не смее да не поведе кон недоверба кон сите бели луѓе, зашто многу од нашите бели браќа, како што се гледа со нивното присуство овде денеска, сватија дека нивната слобода е неделива од нашата слобода. Ние не можеме да одиме сами. "

Пред над него да биде извршен атентат во 1968 година, Мартин Лутер Кинг добива Нобелова награда за мир за својот ненасилен приод во борбата за добивање еднакви права за црните Американци. Денеска, 40 години по Маршот на Вашингтон, неговите цели во голема мерка се постигнати.

Сегрегацијата во САД е укината. Всушност, многу колеџи и стопански организации сега спроведуваат програми на таканаречената афирмативна акција со кои на Црнците и на другите малцинства им се дава специјален статус при процесот на пријавување. На Американците од сите раси им е дадена можност да гласаат. Бројот на избрани црни претставници на јавни функции драматично е зголемен. Денес, Африкански Американци држат важни места во државата, вклучувајќи го тука и државниот секретар на САД Колин Пауел , како и Советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс.

Претседателот Буш рече, "Со напорите на херои како што е Мартин Лутер Кинг Џуниор и другите храбри мажи и жени на движењето за граѓански права, нашата нација постигна напредок во битката против расизмот и изгради држава која поцелосно ги одразува своите демократски идеали."

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG