Линкови за пристапност

Ден на бегалците: Во светот има околу 14 милиони регистрирани бегалци - 2003-06-20


Бројките кажуваат се: Во годината пред терористичките напади, американската Влада прими над 68 илјади бегалци. Максимумот за населување на бегалците таа година беше 70 илјади.

Во годината по 11 септември, само околу 28 илјади бегалци влегоа во САД. Изминатите осум месеци, беа примени околу 16 илјади.

Овие бројки што опаѓаат ги фрустрираат адвокатите за права на бегалците како Лавинија Лимон од американската Комисија за бегалци.

„Итноста за зајакнување на домашната безбедност ја зголеми претпазливоста од странци воопшто, а особено од бегалците, така што примањето на бегалци во САД сега се наоѓа на најниско ниво во последните 30 години“, вели г-ѓа Лимон.

Заменикот на помошникот секретар за население, бегалци и миграција во Стејт Департментот, Кели Рајан се согласува дека бројките се мали. Но таа вели дека тие не кажуваат се.

„Се соочивме со пречки по 11 септември наваму, што претходно не беа забележливи. Првата е безбедносната проверка. Многу работиме на брзината на таа проверка со обезбедување на сите потребни информации за да се докаже дека личноста е таа за која се претставува и дека не направила ништо со што не заслужува да биде бегалец и оттаму личност што не требало да дојде во САД“, истакнува таа.

Госпоѓа Рајан објаснува дека бегалците се упатуваа до американската Влада преку Високата комисија за бегалци на ОН, преку американските амбасади и меѓународните агенции за населување. Американски претставници рутински ги испрашуваат бегалците надвор од земјата, но по 11 септември, госпоѓа Рајан вели дека некои делови од светот се сметале за премногу опасни за испраќање американски претставници кои би го спровеле испитувањето. Таа вели дека сега тие ограничувања за патување се намалени.

Ендрју Шоенхолц предава Бегалско право и политички студии на Институтот за миграциони студии на Универзитетот Џорџтаун. Тој вели дека изгледа оти американската влада испраќа погрешен сигнал за важноста на проблемот на бегалците.

„За да ја вратиме оваа порака дека сме сериозни во врска со заштитата на бегалците мислам дека треба да го промениме начинот на кој се вршат интервјуата и безбедосните проверки. Реформа во оваа смисла би значела разумно безбедносни параметри за оние што ги прават интервјуата и разумнио безбедносни проверки за да се осигура дека поединците не се закана за САД“, вели тој.

Господин Шоенхолц ја истакнува потребата за покреативен пристап до пречките што предизвикуваат одолжување на постапката.

Претседателот на меѓународните бегалци, Кен Бејкон вели дека намалувањето на програмата за населување ги лишува бегалците од надеж и може да ги зароби во репресивни земји.

Од друга страна, претставникот на Стејт Департментот, Кели Рајан посочува дека САД и натаму се едно од најголемите засолништа за бегалци во светот.

„Ние сме држава на бегалци и емигранти и тоа е многу важна и моќна традиција што мора и натаму да ја поддржуваме. А начинот на кој работиме, и колку брзо луѓето минуваат низ процесот, тоа секогаш може да се подобри“, вели Рајан.

Од 1975 година досега, околу 2,5 милиони бегалци од над 80 држави се населиле во САД.

XS
SM
MD
LG