Линкови за пристапност

Закана од дефлација - 2003-05-20


На полугодишната средба во Вашингтон, Комисијата за отворен пазар во сенка кажа дека стравот од дефлација е неоснован. Таа вели дека со експанзивна монетарна политика и слабеење на валутата, САД се соочени со перспектива на умерено повисока инфлација, а не со дефлација. Грегори Хес од колеџот МекКина во Клермонт вели дека дефлацијата може да е проблем во Европа, но не и во САД.

“Во суштина дефлацијата е симптом, а не причина. Дефлацијата придружува појави како што е криза во банкарството, и, не би ги нарекол пропаѓање, но секако потреси во банковниот систем, што историски сме го виделе во САД. Но сега такво нешто не гледаме. Всушност, тоа може да се случи во некои европски држави.“

Господинот Хес и неговите колеги се согласуваат дека Јапонија е зафатена во спиралата на дефлација, но дека е малку веројатно тоа да се случи во САД.

Мики Ливи од Банката на Америка вели дека Комисијата во сенка верува дека американската економија е во позиција да продолжи со растежот.

„Ако погледнете во основите на економијата, заедно со натамошен монетарен стимуланс и со завршницата на претходните намалувања на даноците, постои причина да се верува дека економијата ќе продолжи да регистрира напредок со стапка на растеж која умерено ќе биде подобрена“, вели господинот Ливи.

Комисијата е загрижена за острото паѓање во разменската вредност на доларот. Таа вели дека пазарот треба да ја одреди вредноста на доларот. Овие економисти велат дека ниту администрацијата на Буш, ниту онаа на Клинтон претходно, не интервенирале на странските пазари на валута да ја поправат вредноста на Доларот. Комисијата во сенка смета дека слабиот долар создава повеќе проблеми за слабата европска економија отколку што се одразува на американската.

XS
SM
MD
LG