Линкови за пристапност

Рамсфелд: Некои арапски медиуми се обиделе да пренесат погрешен впечаток за операцијата во Ирак - 2003-04-10


Г-динот Рамсфелд вели дека не постојат докази оти неточното известување причинило поголемо анти-американско расположение меѓу Муслиманите, што пак може да биде повод за терористичка закана на американските интереси.

Но, не е спорно дека известувањето на арапските медиуми секретарот Рамсфелд смета дека наведува да се создаде погрешно мислење.

„Нема дилема дека во тој дел на светот има бројни медиуми, особено телевизиските станици и печатот, што пренесуваа погрешна порака до јавноста. Тие пренесуваа порака чија цел е луѓето од Блискиот Исток да се наведат на мислење дека ние се бориме против Ирак и ирачкиот народ, а не против злобниот диктатор, дека ние сме биле против одредена религија, што е апсолутно неточно“, кажа г-динот Рамсфелд.

Секретарот за одбрана се надева дека телевизиските слики за кои тој смета дека се погрешни ќе бидат побиени со оние на Ирачаните кога тие го прославуваат влегувањето на коалиционите сили во Багдад и во другите градови во Ирак.

Господинот Рамсфелд се надева и дека целта на американските намери ќе биде јасна, кога коалиционите трупи ќе ја завршат својата мисија и ќе заминат од Ирак.

„САД нема да останат во земјата и да ја окупираат. Имаме многу други работи на ум, и нам не ни е пракса да одиме некаде и да бараме нечие богатство или недвижнини. Значи ќе ја завршиме нашата задача и тоа добро и ќе заминеме кога земјата ќе биде на пат да ја крои својата сопствена иднина“,рече тој.

И покрај извештаите дека многумина Ирачани и воопшто Арапи и натаму се скептични во врска со операцијата Ирачка слобода, секретарот Рамсфелд верува оти на крајот, вистината ќе избие на површината.

Но, кај многумина високи претставници на Пентагон, и натаму има доза на загриженост и фрустрација околу критиките во арапскиот и муслиманскиот свет за воените операции под водство на САД.

Генералот Ричард Маерс, началникот на Здружениот генералштаб се прашува зошто луѓето не успеваат позитивно да ги оценат коалиционите напори чија цел е да му се помогне на доминантното муслиманско население.

„Мислам дека она што луѓето во регионот треба да го увидат, е дека САД и нашите коалициони партнери сакаа да ги ризикуваме нашите животи за да се заштитат едни од големите муслимански популации. Едната во Авганистан, другата во Ирак“, вели г-динит Маерс.

Иако првичните цели во овие две земји беа различни, генералот Маерс вели дека долгорочно, целите се исти: Обезбедување на стабилна и безбедна средина и шанса за создавање на самоуправа.

Но, тоа нема да се случи преку ноќ. Дури и официјалните лица од Пентагон признаваат дека скептичните умови во арапскиот свет може да излезе дека се во право, оти ситуацијата ќе се усложни доколку американските трупи останат подолго во регионот.

XS
SM
MD
LG