Линкови за пристапност

Земјите од арапскиот свет изразија жалење заради американските напади врз Багдад - 2003-03-20


Анти-воените демонстранти во Каиро извикуваа слогани дека би се жртвувале себеси, за Садам Хусеин и за Багдад. Некои од нив се обидоа да се пробијат во американската амбасада во овој град, но беа одвратени од полицијата.

Арапската лига свика итен состанок во Каиро за да дискутира по нападите. Портпаролот на групата, Хишам Јусеф за Гласот на Америка изјави:

„Ова е тажен ден за меѓународните односи, тажен ден и за меѓународното право, како и меѓународниот легитимитет. Ова е тажен ден и за ОН, ова е мошне запрепастувачки и разочарувачки чекор“.

Иранските официјални лица ги осудија нападите како неправедни и нелегитимни.

Претседателот на Сирија, Башар Ал-Асад, господинот Буш го нарече воен злосторник и ги осуди арапските држави кои влегле во сојузништво со Вашингтон.

Владата на Алжир ја изрази, како што вели, својата длабока загриженост и жалење заради почетокот на конфликтот и заострените безбедносни мерки пред американските и британските амбасади.

Амбасадите на САД и Британија во регионот се затворени за јавноста или е намамен нивниот обем на работа, а на своите граѓани овие амбасади им препорачуваат да не бидат наметливи.

Кувајт е единствената земја во регионот која изрази поддршка на воздушните напади врз Багдад. Утрово од ирачка територија врз Кувајт беше беше извршен ракетен напад, но нема информации за повредени.

XS
SM
MD
LG