За професорот Хајслоп, од Македонија доаѓаат две вести-добра и лоша. Добрата е дека актуелната Влада ја започна пресметката со мафијата во западниот дел и со корупцијата на претходната влада, а воведе и нови правила на транспарентност. Лошата, пак, е што оваа акција се одвива во слаба држава, со етнички тензии, неефикасно судство, бедна економска ситуација, дневни инциденти и продолжено присуството на албанските парамилитарни групи. Корупцијата ги поврзува етничките заедници, вели тој, афирмирајќи го тврдењето дека таа е лепакот меѓу нив. Надоврзувајќи се на тоа господинот Хајслоп вели дека претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА функционирала на начин што тие биле дел од еден процес на нанесување штета на економијата, стабилноста, етничките односи и интересот за земјата. Тој вели дека таму лежи вината за слободата на движење на паравоената ОВК во Македонија, како и за ослободувањето на криминалци етнички Албанци, меѓу кои ги наведува Дилавер Бојку, Семи Хабиби, Фазли Велиу.
Владината коалиција на СДСМ и ДУИ се движи во вистинска насока, но има уште многу нерешени прашања, смета г-динот Хајслоп. Едно од нив е дали Албанците можат да го контролираат сопствените редови, од една страна и дали СДСМ може тоа да го стори, од друга страна. Сомнежот го поттикнуваат меѓуалбанските инциденти во 2002 година и нападите врз седиштата на ДУИ во Мала речица и во скопската населба Чаир. Делумно се работи за соперништво меѓу ДУИ и ДПА, смета професорот Хајслоп, но делумно тоа се мафијашки пресметки на паравоени фракции, кои не се исклучени и во иднина.
„Македонија и по охридксиот договор е слаба држава, на која и се закнуваат мафијашки пресметки, во која се прават обиди за искоренување на корупцијата. Во нормални услови, тоа би било вообичаена работа, но во услови на економска беда, лоши етнички односи, недоверба во јавноста и проблеми од паравоените групи, тоа е како сизифовско проклетство. Дали владата ќе може да ја потресе корупцијата или самата ќе биде потресена, останува да видимеЌ, смета професорот Хајслоп.
Кај него е проблематично и што раководството на ДУИ практично во власта влегува од странство, со мало и непостојано присуство во земјата на чие чело се.
“Дали Ахмети навистина сака демократска интеграција на сите луѓе во Македонија, вистинска интеграција, не знам. Интеграција во Европа-да, така се постигнува интеграцијата во Македонија, така се премостува етничката поделеност во Македонија, доколку се сака –со одење во Европа. Но би рекол дека тоа не говори доволно за љубовта и лојалноста кон Македонија, како држава“, додава тој.
Начинот на кој Запад се однесуваше со Македонија е тажен, без грижа како врз неа се одразуваа санкциите кон Југославија, вели професорот Хајслоп. „Немаше ниту голема помош за време на косовската криза, а ништо не беше сторено ни да се запре паравојската на ОНА, оцени меѓу другото г-динот Хајслоп.