Лондонски Фајненшл Тајмс вели дека ова е вистинскиот пристап кој се фокусира токму на централното прашање-поседувањето и набавката на оружје за масовно уништување од страна на Садам Хусеин.
Што се однесува до францускиот поглед, во парискиот весник, Ослободување беше поставено следново прашање: Дали претседателот Буш употреби поостар тон против Ирак или дали наместо тоа, ја ублажи својата позиција? Со голема умешност, тој ги направи и обете работи. Додека неговите забелешки беа фокусирани на веројатноста од војна, тој процени дека војната не ниту неопходна ниту неизбежна, зборови кои отидоа директно во срцата на Европјаните.
Но исто така во Париз, влијателниот Ле Фигаро на ова додава: Говорот на претседателот главно беше наменет до 200 милиони несигурни гласачи. Преку нив, претседателот целеше и на светот каде постои загриженост поради американските империјалистички цели. Белата Куќа има уште многу работа за да ги убеди двете публики.
На југот на Германија пак, весникот Зидојче Цајтунг од Минхен реагира со вчудоневиденост.
Дали ова беше истиот тој претседател Буш, се вели во весникот? Додека темата уште еднаш беше Ирак, тонот беше многу посмирен. Сепак, г-динот Буш не го смени неговиот цврст став.
Што се однесува до Русија, московската Независнаја Газета реагира вака:
Претседателот Буш детално објасни зошто Ирак претставува закана по безбедноста, зошто е неопходно да с ереагира токму сега и како во принцип може да се добие војната. Многумина набљудувачи оваа изјава ја опишаа како последно предупредување до режимот на Садам Хусеин, кој мора, како што вели претсеателот, или ќе се разоружа или ќе се соочи со коалиција под американско раководство. Во меѓувреме, тезата за симнување на Садам Хусеин од власт не беше спомната ниту еднаш.
Турскиот Чумхуријет на говорот на претседателот реагира од аспект на економските последици за Анкара.
Американската операција против Ирак дефинитивно турската економија ќе ја стави во сериозен ризик. Турција ќе мора да се справи со северно-ирачкиот проблем и доколку има војна најверојатно ќе треба да се соочи со курдска држава. Турција би се соочила со енормни финансиски загуби, како и со наплив на бегалци.
Израелксиот Једиот Ахаронот од Тел Авив вели дека г-динто Буш не зборувал како претседател, туку како студент кој се подготвувал за устен испит на неговиот живот. Тој го мислеше тоа што го зборува, но изгледаше како прво одлучил да го елиминира Садам, а а дури потоа да го образложи случајот за преземење на превентивна акција против Ирак.
Претседателот Буш ја убеди својата публика дека инспекторите на ОН нема да можат да го пронајдат она што го крие г-динот Хусеин. Но дали Америка ќе може да го стори тоа? Ова е истата Америка која веќе една недела во Вашингрон ја брани својата територија од еден единствен вооружен напаѓач кој се уште е во бегство. Спорно е дали полесно ќе помине во Багдад.
Во Јордан, амамскиот Јордан тајмс беше дури помалку оптимистичен.
Претседателот Буш имаше намера да го зголеми притисокот да се смени режимот во Ирак и тој да се разоружа. Но, тој ја деградира јачината на неговите аргументи со тоа што ирачкото раководство го поистовети со Сталинизмот, претпоставувајѓи дека Ирак се подготвува да ги нападне САД со оружје за масовно уништување, како и правеше споредби меѓу ракетната криза во Куба од 63-та година со наводната итна или неоходна закана од страна на Багдад.