Линкови за пристапност

Почина лицето што отвори оган во Пентагон


Почина лицето што отвори оган во Пентагон
Почина лицето што отвори оган во Пентагон

Американски официјални лица велат дека вооруженото лице што отвори оган пред Пентагон во четвртокот пред да биде смртоносно погоден од полицијата, било вооружено со две полу-автоматски пушки.

Шефот на полицијата на Пентагон Ричард Кивил вели дека Џон Патрик Бедел носел неколку шаржери муниција и имал уште во автомобилот, што го паркирал во гаража во близина. Тројца безбедносни офицери одговориле на огнот кога Бедел почнал да пука пред армискиот комплекс близу Вашингтон. Двајца полицајци биле хоспитализирани заради помали повреди но оттогаш пуштени.

Властите велат дека камерите го покажуваат Бедел како смирен и добро облечен и дека изгледа дека бил сам кога се приближил кон полицајците и почнал да пука. Властите велат дека се` уште работат на откривање на мотивот.

XS
SM
MD
LG