Линкови за пристапност

ОБСЕ: претседателските избори во Украина со „висок квалитет“


Претседателските избори во Украина биле со „висок квалитет“ и покажале „значителен напредок“ споредено со претходните гласања, велат набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Оценката на ОБСЕ доаѓа уследи во време кога според првичните резултати, опозициониот водач Виктор Јанукович и премиерката Јулија Тимошенко ќе се соочат во вториот круг од изборите наредниот месец.

По преброени околу 90 проценти од гласовите, Украинската изборна комисија соопшти дека поранешниот, проруски ориентиран премиер Јанукович освоил околу 36 проценти од гласовите, а Тимошенко 25 проценти. Актуелниот претседател Виктор Јушченко заостанува и е дури на петтото место од вкупно 15-те кандидати.

ОБСЕ јави дека на изборите покажале почитување на граѓанските и политички права и дека гласачите имале вистински избор меѓу кандидати со различни политички погледи.

XS
SM
MD
LG