Линкови за пристапност

Амбасадата на САД во Џакарта предупредена за можен напад на Бали за Нова Година


Амбасадите на западните земји во Џакарта, предупредуваат дека на Нова Година може да се случи терористички напад на индонезискиот остров Бали.

Американската амбасада во Индонезија соопшти дека добила предупредување од гувернерот на индонезискиот остров Бали кој имал информации дека можеби се подготвува терористички напад за Нова Година. Амбасадата испратила електронски пораки до американските државјани, повикувајќи ги на внимателност.

Во Бали беа извршени терористички напади во 2002-ра и 2005-та година, при што загинаа преку 200 лица. Повеќето од луѓето осудени за нападите беа поврзани со милитантната група Џема Исламија.

XS
SM
MD
LG