Новинската агенција Асошиетед прес по спроведената анкета меѓу спортски уредници за „Спортист на деценијата“ го прогласи голферот број еден, Тајгер Вудс.
Вудс доби 56 од вкупно 142-та дадени гласа. Повеќе од половина од гласовите беа дадени по инцидентот со неговиот автомобил од 27-ми ноември, по што во јавноста беше обелоденет секс скандалот, а Вудс одлучи да се повлече од голфот на неодередено време.
Од 2000-та наваму, Вудс победи на 64 турнири ширум светот и има освоено 12 главни титули. Тој заврши со 81,547,410 долари приход од турнирите, а во просек од секој турнир заработил 482,529 долари.
На второто место на листата на Асошиетед прес е победникот на Тур де Франс, Ленс Армстронг, а најдобриот тенисер на светот, Роџер Федерер е трет.