Линкови за пристапност

Стапи во сила Уставот на ЕУ


ЕУ го поздрави новиот Устав на церемонија во Лисабон, каде текстот за прв пат беше потпишан. Меѓутоа, ратификацијата од сите 27 држави беше долг и макотрпен процес, и дури минатиот месец беше завршен.

Новиот Устав претрпе серија сериозни промени во тој процес, вклучувајќи и создавање прва постојана функција на претседател на ЕУ. Таа работа ќе ја извршува поранешниот белгиски премиер Херман Ван Ромпи.

Поранешната комесарка за трговија на ЕУ, Британката Кетрин Аштон е нова шефица на дипломатијата. Обајцата се релативно познати политичари во Европа и во странство.

Ван Ромпи ќе стапи на функција во јануари. Зборувајќи во Данска во понеделникот, тој не беше многу расположен за изјави: „Се наоѓам во преоден период. Поставувајте прашања по 1-ви јануари. Имам две и пол години да одговарам на прашања. Но, не и денес“, рече Ромпи.

Новиот претседател Ван Ромпи ја повика светската заедница да постигне силен договор за климатските промени на Самитот во Копенхаген, кој почнува во понеделник:

„ЕУ е во првите редови на борбата против климатските промени. Таа е определена да игра водечка, конструктивна ролја на конференцијата во Копенхаген и да придонесе за постигнување глобален, амбициозен и сеопфатен договор“, рече Ван Ромпи.

Извршното тело на ЕУ, Европската комисија, ќе има нови комесари идната година. Францускиот дипломат Мајкл Барниер ќе биде нов комесар за внатрешниот пазар на Унијата, кој ќе го покрива банкарскиот и финансискиот сектор. Германија ќе ја добие функцијата - комесар за енергија. Берлин има добри односи со Русија, која обезбедува голем дел од природниот гас за Европа.

XS
SM
MD
LG