Линкови за пристапност

САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кинески колега Ху Џинтао на средбата во Пекинг вторникот се заложиле да соработуваат во однос на климатските промени, нуклеарното разоружување и останати глобални проблеми.

Средбата не дала поголеми пресврти освен искази на добра волја. Обама ја искористил приликата да го покрене прашањето за човекови права и извршил притисок Кина да дозволи нејзината валута да нарасне во вредност. Тој конкретно говорел за Тибет и побарал официјален Пекинг да одржи средба со претставници на прогонетиот духовен водач Далај Лама што е можно поскоро.

Обама по средбата изјави дека сите главни предизвици на 20-от век ги афектираат и САД, и Кина, како и дека тие предизвици единствено може да се решат заеднички.

Првите луѓе на Кина и САД по средбата не одговорија на новинарски прашања.

Претседателот Ху кажа дека двете земји оствариле напредок за време на средбата. Тој ја подвлече потребата од конкретни акции во однос на, како што ги нарече, заедничките предизвици.

Обајцата ја подвлекоа намерата да продолжат да промовираат глобален економски опоравок и да помогнат да се спречат нови економски кризи. Обама и Ху најавија дека ќе работат на постигнување на позитивен исход во однос на климатските промени на средбата во Копехаген наредниот месец. Тие разговарале и за соработката на нуклеарното разоружување и повикаа на продолжување на разговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја што е можно поскоро. Обама ја пофали Кина за обидите да игра поголема улога во меѓународната заедница. Ху рече дека Кина и САД ќе продолжат да работат на решавање на економските и трговски проблеми и повика на заедничка борба против протекционизмот.

По средбата со Ху, Обама го посети срцето на кинеското царско минато - Забранетиот град, каде со векови живееле кинеските владетели.

Обама ја завршува посетата на Кина во среда, кога ќе замине за Јужна Кореја.

XS
SM
MD
LG