Највисокиот суд во САД расправа за тоа дали осудата на малолетник на доживотна казна затвор е сурова и необична казна во случаи кога не се работи за кривично дело убиство.
Деветтемина судии разгледуваат два одделни случаи од Флорида. Првиот е за Џо Саливан, осуден на доживотна казна заради силување постара жена кога имал 13 години. Судиите го разгледуваат и случајот на Теренс Грем, кој извршил вооружен грабеж додека се бранел од слобода, на 17 години.
И Саливан и Грем ги отслужуваат казните во јужната држава Флорида, каде се наоѓаат 70 проценти малолетници, осудени на доживотен затвор за криминални акти што не се убиство.
Адвокатите и поборниците на случаите тврдат дека малолетниците се во процес на ментален развој и со осудувањето на доживотна казна затвор им се одзема можноста за созревање и промена. Во 2005, Врховниот суд донесе одлука дека малолетници не смеат да се погубуваат ако се осудени за убиство.