Линкови за пристапност

Веб-страница во избор на Гласот на Америка: Како работи Врховниот суд на САД  


На 5-ти октомври, Врховниот суд на САД ја започна својата сесија по редовниот летен одмор. Овој суд има значајна улога во животот на Американците и токму затоа важи за главна институција во правниот систем на државата. Неговите одлуки, без оглед дали се однесуваат на слободата на говор, кривични постапки или дискримација на работно место, честопати имаат директно влијание на животот во оваа земја.

За да се запознаете со судот, помага да имате експертски водич.

„Scotus Blog е веб-страница посветена на случувањата во Врховниот суд на САД. „Ние практично ја покриваме секојдневната работа на судот и неговите главни случаи“, вели Еми Хоув, адвокат и уредник на овој блог. „SCOTUS“, практично е акроним за Врховен суд на САД.

Секако дека овој суд има своја официјална веб-страница, но критиката вели дека не е доволно корисна.

„Се обидуваме да пополниме одредени празнини, во смисла на брзо објавување на некои информации. Бидејќи луѓето знаат дека ги следиме судските постапки, се разбира оние за кои судот ќе даде дозвола, добиваме електронски копии за прашања за кои можеме да објавиме петиции на нашата веб-страница, барајќи од судот да ревидира одреден случај. На тој начин на јавноста можеме да и` обезбедиме повеќе информации“, вели Хоув.

Меѓу екипата која го одржува овој блог е и новинарот – ветеран, Лајл Денистон. Тој известува за постапките во Врховниот суд веќе половина век. Еми Хоув и дел од нејзините колеги се всушност адвокати кои пред судот ги изложуваат своите аргументи за одредени случаи. Во такви ситуации, тие се страстни застастапувачи на правата на клиентите, но на Интернет сите се обидуваат да останат неутрални и објективни.

XS
SM
MD
LG