Линкови за пристапност

ОН во Авганистан:  На изборите е направена измама


Главниот претставник на ОН во Авганистан Каи Ејд вели дека за време на претседателските избори одржани во август е направена значителна измама.

Ејд ова го изјави во Кабул во неделата, како одговор на обвинувањата на неговиот поранешен заменик Питер Галбрајт, дека тој ги премолчувал доказите за измами при гласањето. Норвешкиот дипломат се пожали дека наводите на Галбрајт, кој е Американец, ја омаловажиле довербата во авганистанскиот изборен процес и го ослабеле кредибилитетот на мисијата на ОН во оваа земја.

И покрај коментарите на Ејд за измама во изборите, тој додаде дека нема информации за тоа колку гласачки ливчиња се неважечки. Европските претставници велат дека можно е да се спорни до 30 проценти од гласовите.

ОН ја поддржуваат истрагата од страна на Авганистанската изборна комисија за жалби, која се очекува неделава да го објави својот извештај.

XS
SM
MD
LG