Линкови за пристапност

Половина од светското население живее во градови


Агенцијата Хабитат на ОН вели дека има најмалку 40 мега-градови со население од 10 милиони или повеќе, и дека таа цифра расте. Агенцијата предупредува дека ова е многу веројатно да биде рецепт за катастрофа доколку не се земат предвид потребите на урбаните сиромашни.


Високиот политички советник на оваа агенција од Женева, Џорџ Даикан, вели дека до 2030, повеќе од три милијарди луѓе или околу 40 проценти од светската популација ќе има потреба од дом и основна урбана инфраструктура и услужни дејности.

„Така, 1,6 милијарда луѓе или околу 25 проценти од светското население живее во беда, оскудица и издвоено од останатиот свет. Над 60 проценти од луѓето во африканските градови (Африка е околу 40 отсто урбанизирана), така што 60 проценти од тие 40 проценти или четвртина од сите во Африка живеат во најсиромашни населби. Веруваме дека сегашниот приод кон планирање мора да се промени за да се обезбеди одржлив урбан развој", вели Даикан.


Хабитат при ОН предупредува дека тие најсиромашни населби и неформални заедници ќе растат со упатување на внатрешно раселените лица и бегалци кон градовите. Агенцијата вели дека ова ќе создаде конкуренција за ограничените засолништа, земја, вода, работни места, здравство и храна. Хабитат забележува дека ова може да доведе до зголемени социјални тензии и насилство меѓу мигрантите и домашното население. Освен тоа, ваквите населби се многу поподложни на природни катастрофи и сложени вонредни состојби.

Даикан ги наведува и заканите од климатските промени, особено во ниските предели и крајбрежни градови, како и ширењето на епидемии во урбани области заради бедни животни услови и пренаселеност.

Заради сево ова, Хабитат вели дека подобро, посоодветно планирање е клучно. Агенцијата вели дека на сите градови им треба побезбеден транспорт што ќе се грижи и за заштитата на животната средина, безбедно домување, клиники и јавни служби.

XS
SM
MD
LG