Линкови за пристапност

Ахмединеџад: Ниту една земја не се осмелува да го нападне Иран


Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад се фалеше за воената моќ на својата земја на армиската парада што беше засенета со уривањето на борбен авион при што загинаа седум лица.

Државните медиуми јавија дека несреќата се случила во рурална област јужно од Техеран. Нема информации за причината на несреќата и моделот на авионот.

На воената парада со која беше одбележан почетокот на иранско-ирачката војна во 1980-та, Ахмединеџад рече дека ниту една земја во светот повеќе нема да се осмели да го нападне Иран затоа што е многу поискусен и помоќен отколку кога и да е порано. Тој предупреди дека иранските сили „ќе му ги отсечат рацете“ на кој и да е напаѓач уште пред да биде во можност да нападне.

Ахмединеџад честопати во говорите ги напаѓа САД и Израел. Обете земји, пак, имаат кажано дека воената акција останува како можност доколку Техеран не ги запре контроверзните нуклеарни активности.

Претседателот на Иран ги повика странските сили предводени од САД да заминат од Ирак и Авганистан. Тој рече дека регионот никогаш нема да толерира стационирање на странска војска на подолг период.

XS
SM
MD
LG