Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека американските сојузници во арапскиот свет треба да ги засили своите воени способности и да го одврати Иран од аспирациите да поседува нуклеарно оружје.
Во интервју за арапската телевизија Ал-Џезира, Гејтс истакна дека САД и натаму веруваат дека дипломатскиот и економски притисок може да водaт до политички промени во Иран.
Тој сепак додаде дека еден од начините да се привлечат Иранците кон промена на пристапот кон по нуклеарното прашање, е да се убедат дека развивањето на нуклеарно оружје само ќе наштети на безбедноста на нивната земја, а нема да ја зајакне.
Гејтс уште кажа дека доколку Иран продолжи да работи на нуклеарната програма, можно е да ја поттикне трката во нуклеарното вооружување во целиот регион.
Во понеделникот, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека неговата земја нема да преговара околу своето „право“ да развие нуклеарна технологија.