Во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија, секоја година, како една од хроничните слабости се наведува ефикасноста на државната администрација.
ЕК во своите извештаи постојано укажуваше на потребата да бидат обезбедни законски механизми кои ќе овозможат департизација и деполитизација на државната администрација. Токму поради тоа, Комисијата како еден од клучните услови кои и` ги постави на Македонија со цел земјата да ги оствари аспирациите на старт на преговори за членство, беше регулирањето на актулените состојби во државната администрација.
На почетоткот од неделава во Собранието започна расправата по новиот предлог- закон за државна администрација кој би требало да одговори на барањата на европската администрација.На предлогот на новиот закон се спротистави опозицијата која смета дека начинот на кој се уредува именувањето на државните секратари не ја овозможува потребната департизација на државните службеници. За жешката дебата на оваа тема која се отвори во Собранието меѓу владеачкото мнозинство и опозицијата, мислење побаравме од професорката на Факултетот за јавна администрација, Ана Павловска-Данева.
Државните секретари се кремот на државната администрација во светот. Тоа се луѓе со најпрестижни здобиени дипломи, луѓе со огромно работно искуство во државна служба, кои во текот на годините успеале да се најдат на највисокото место, односно на позицијата државен секретар,појаснува професорката Павловска-Данева.
За разлика од ова, предлог-законот предвидува кај нас, државни секретари, па и генерални секретари, да можат да бидат лица од јавна администрација, како на примерод луѓе во здравство, од образованието, дури и новинарите од државен сектор, луѓе кои немаат ни ден работно искуство во самиот државен орган со кој ќе раководат и чија организација на работа треба да ја спроведуваат и менаџираат, додава Павловска-Данева.
Според оценките кои досега јавно ги искажаа експертите новиот предлг закон не соодведствува на потребите за Македонија да се ослободи од синдрoмот на партизирана државна администрација која како таква е неефикасна во услугите кои треба да им ги обезбеди на граѓаните. Во меѓувреме дебатата во Собранието продолжува. Власта и опозицијата воглавно се обидуваат да ја убедат јавноста во чие време државната адмистрација била повеќе партизирана.