Весникот Њујорк Тајмс вели дека актуелната администрација има намера да креира поцентрализирано раководство во системот што притвора годишно по 400.000 престапници на имиграциониот статус.
Планот предвидува поголема контола на притворните центри кои се критикуваат за несоодветен третман на затворениците, вклучувајќи и неквалитетна здравствена грижа.
Весникот додава дека Одделот за домашна безбедност ќе ги разгледа договорите на федералната влада со преку 350 локални центри за притвор и приватни затвори каде се наоѓаат престапниците, со фокус на консолидирање на притвореници кои немаат криминално досие, а кои треба да бидат депортирани.
Њујорк Тајмс вели и дека некои од овие лица најверојатно ќе бидат сместени во центри во надлежност на владата.