Линкови за пристапност

Обама претстави грант за чисти автомобили


Американскиот претседател Барак Обама објави иницијатива тешка 2,4 милијарди долари како помош за град тешко погоден од рецесијата да развие технологија за економични автомобили.

Обама планот го објави во средата во Вакаруса, Индијана, област што стана симбол за страдањето на земјата поради невработеностa.

Грантот се очекува да создаде десетици илјади работни места за развивање усовршена технологија за батерии за хибридни и електрични возила.

Обама ова го нарече најголема инвестиција за ваков вид технологија во американската индустрија. Тој кажа дека ова е дел од стратегијата САД да се направат лидер за дизајн и пласирање на возила на чиста енергија.

Иницијативата е дел од стимулативниот пакет од 787 милијарди долари, што Обама вели дека ќе помогне да се извлече земјата од рецесија.

Одделот за трговија во среда објави податоци кои покажуваат дека нарачките за американските фабрики пораснале трет месец по ред во јуни, за 0,4 проценти.

XS
SM
MD
LG