Линкови за пристапност

Втор ден стратешкиот дијалог САД – Кина во Вашингтон


Вториот и последен ден од годишните разговори на високо ниво меѓу американските и кинески претставници во Вашингтон ќе бидат посветени на здравствената заштита, сиромаштијата и енергијата, соопшти американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Таа најави дека учесниците во „Стратешкиот и економски дијалог САД – Кина“ ќе разговараат за соработката во борбата против инфективните болести. Американскиот секретар за здравство и здравствени услуги Катлин Сибелиус учествува на средбата, исто како и кинескиот државен советник за здравство Даи Бигоу.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер и кинескиот вицепремиер Ванг Чишан учествуваат на одвоена сесија посветена на економските прашања. Во понеделникот, обајцата рекоа дека постојат знаци дека глобалната економија го минала најлошото од финансиската криза.

Американскиот претседател Барак Обама во понеделникот ја отвори средбата со повик за поголема соработка меѓу двете земји, за да се поттикне економска обнова.

XS
SM
MD
LG