Линкови за пристапност

Конгресот бара отчет за парите дадени за спасување на американската економија


Раководителот на Комисијата за хартии од вредност изрази поддршка за планот на американскиот претседател за проширување на владиниот надзор на финансиските производи кои претходно беа нерегулирани. Мери Шапиро сведочеше пред Комисијата за финансиски услугина Претставничкиот дом. Таа рече дека верува оти планот напредува во однос нанадминување на јазот во регулативаташто станал очигледен при финансиската криза.

Специфично, таа дискутираше за новата моќ на комисијата за хартии од вредност – да ги регулира дериватите, финансиски производи, чија вредност е заснована на друг имот, како што се станбените кредити. Многумина ги обвинуваа тие компликувани инструменти дека допринеле за економскиот пад.

Гери Генслер, раководител на Комисијата за размена на стоки, на законодавците им кажа дека бизнисите кои се занимаваат со ова треба да постават повисоки стандарди: „За дилерите треба да поставиме стандарди и минимални барања за да се намали ризикот. Треба да направиме да е задолжително да се водат кноги и да се даваат извештаи за да се промовира транспарентност“.


Но оние кои се противат на владина регулација забележуваат дека нивниот надзор во минатото потфрлил. Некои законодавци посочија дека се промашени знаците на предупредување за кризатавклучувајќи го пропаѓањето на АИГ и скандалот со инвеститорот Берни Медоф.

Членот на Претставничкиот дом, Џеб Хенсарлинг, републиканец од Тексас, вели дека премисата е погрешна. Тојтврди дека не се страдало од мала регулатива, туку проблемот е во тоа што регулаторите направилегрешки и што имало, како што вели, глупава регулатива.

Конгресот расправа за легислативата на претседателот Обама за регулативна реформа, што исто така бара давање поголема моќ на американската Централна банка, Федералните резерви.


Подоцна, Поткомисијата за финансиски услуги на Претставничкиот дом одржа распит за напорите да се вратат парите а даночните обврзници што биле инвестирани во банки во големиот пакет-програма за спасување на економијата.

Таа програма одвои 700 милијарди за заем на банките со цел да се стабилизира финансискиот систем. Но, сега, кога банките почнаа да враќаат дел од тие пари Одделот за финансии се обидува да најде начин да ги продаде налозите што тие ги добиле во замена.

Имено, Одделот за финансии има две опции: да ги продаде налозите назад на банките или да ги продаде на аукција.

Херб Алисон од овој оддел вели декасе работи на изнаоѓање на најдобра можност заданочните обврзници.

Ова е тешко прашање затоа што налозите не се разменуваат како други инвестиции и има неколку начинза одредување на нивната вредност. Затоа, владата може да загуби пари ако банките повторно ги купат тие налози по пониска цена.

XS
SM
MD
LG