Линкови за пристапност

Нов лек дава надеж во третманот на некои тешки видови на рак


Охрабрувачки резултати од клиничка проба на нов лек против некои тешки води на рак.Истражувачите велат дека лекот го попречува растот на канцерогените клетки, предизвикан од необична генетска мутација.

Кај Ирина Слитски, третманите против ракот на јајници не дале резултати. Но, таа добила нова надеж откако почнача да го зема лекот Олапериб.

„Не можев да станам од кревет, а сега одам на работа и се вратив на мајчинството.Возам, пазарам, готвам и се` друго“, вели Слитски.

Нејзиниот тумор за само неколку месеца се намалил, заедно со болките.Слитски, можеби, не е единствената со причина за оптимизам.

Речиси еден на секои илјада луѓе имаат таканаречени БРЦА 1 и 2 генетски мутации, поради кои се со поголем ризик да заболат од рак на дојка, јајници, панкреас и простата.Во првата фаза на клиничката проба на Олапериб учествувале 60 мажи и жени.22 имале БРЦА-мутации.Сите пациенти започнале со мала доза на Олапериб.По три недели, дозата за пациентите со БРЦА била зголемена на 600 милиграми, двапати дневно. Истражувачите велат дека кај 40 проценти од овие пациенти со некои од најгресивни форми на рак на дојка, јајници и простата, туморите се намалиле.

Олапериб дејствува поинаку од другите лекови против ракот.Како што клетките растат и се размножуваат, тие често стануваат оштетени.Ензим наречен ПАРП вообичаено помага во нивната обнова.Но, Олапериб го спречува ензимот во канцерогените клетки што имаат БРЦА-мутација.

Д-р Ерик Вајнер од Институтот против рак Дејна Фарбер вели дека лекот е особено добра вест за жените:

„Даде резултати кај жените во случаи што напати се мошне тешки за третман“, коментира Вајнер.

Истражувачите велат дека е прерано да се каже дали Олапериб е чудотворен лек и додаваат дека се потребни дополнителни клинички проби за да се докаже неговата ефикасност.Истражувањето го спровеле лекари во Британија, со финансиска поддршка на произведувачот на лекови „АстраЗенека“.Објавено е во Медицинскиот журнал „Њу Ингланд“.

XS
SM
MD
LG