Линкови за пристапност

Парада за шампионите Лејкерс


Лос Анџелес е домаќин на парадата за годинешниот шампион во Ен-Би-Еј Лејкерс, иако градот има финасиски проблеми.

Градоначалникот Антонио Вилараигоса ја бранеше одлуката за одржи парада за освојувањето на шампионскиот прстен, истакнувајќи дека е важно да се прославува дури и во време на висока стапка на невработеност и кризата на пазарот за домување.

Вилараигоса истакна дека некои од најбогатите градски донатори покриле 850.000 од еден милион долари трошоци за денешната парада и собири. Лејкерс и АИГ, кој се сопственици на Степлс центарот, платија уште еден милион долари.

Градоначалникот и други официјални лица бараа донации, откако критичарите ја нападнаа идејата да се користат пари од градската каса на Лос Анѓелес во време кога се разгледува можноста за отпуштања од работа заради затварање на буџетската дупка во висина до половина милијарда долари.

XS
SM
MD
LG