Линкови за пристапност

На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот


На новинар од Шри Ланка постхумно доделена награда за слободата на печатот

Ласанта Викрематунге од Шри Ланка постхумно ја доби Светската награда за слободата на печатот, што ја доделува УНЕСКО. Натали Самаразинги ја прими наградата во Катар, во име на нејзиниот вујко, кој бил отворен критичар на владината воена акција. Бил убиен во јануари.

Тој знаел дека со работата си го ризикува животот и затоа напишал коментар да биде објавен во случај врз него да биде извршен атенат. Таму вели дека совеста не му дозволувала да престане да работи.

Прифаќајќи ја наградата, неговата внука прочита порака од сопругата на новинарот, која не била во можност да присуствува. Во пораката стои:

„Оддавајќи признание на неговиот живот и работа, испраќате важна порака до тираните во светот, дека убивањето на курирот не е решение. Човечкиот дух не може да биде потчинет, дури ни во смртта. Името на Ласанта привлекува повеќе интерес на Гугл отколку името на премиерот на Шри Ланка“.

Хаџар Смоуни е од Центарот за слобода на медиумите во Доха. Таа вели дека се надева оти наградата ќе помогне да се подобри известувањето во Шри Ланка: „Важно и да им оддаде признание на овие локални херои, затоа што тој беше херој на свој начин. Важно е за неговото семејство, за неговите колеги, и за слободата на печатот во Шри Ланка.“

Конференцијата на УНЕСКО за слобода на печатот во светот се одржа во Катар, за прв пат во една арапска земја. Според УНЕСКО, повеќе од илјада новинари се убиени при извршување на нивните задачи изминатава деценија. Деведесет и пет отсто од тие кривични дела, извршени врз новинари, не се разрешени.

Тунизиската новинарка Сихем Бенседрине вели дека била тепана, мачена и затварана, но дека насилството не е најголема закана за новинарите.

Таа вели дека најголема опасност за новинарите е да се спречени да работат. Да бидеш информиран е важно како храната – тоа е основно право кое, таа вели, ќе го брани со живот. А убиство на новинар, според неа, е најлоша форма на цензура. Заради тоа, наградата на УНЕСКО таа верува дека многу ќе помогне за промовирање на култура на заштита на новинарите.




XS
SM
MD
LG