Американскиот претседател Барак
Обама пристигна во Мексико за разговори на кои се очекува да доминира
пограничната безбедност и мексиканската војна за дрога.
Господинот Обама ќе се сретне
со претседателот Фелипе Калдерон со кого ќе разговара меѓу другото и за
илегалната имиграција и глобалното економско опаѓање. Господинот Обама в петок
ќе замине за Тринидад и Тобаго за самит на американските држави.
Ескалираното насилство поврзано
со дрога во Мексико е голема грижа за
САД. Во такво насилство ce убиени повеќе од седум илјади лица во Мексико од почетокот на минатата година, а насилството се
проширува и на заедниците преку границата, во САД.
Новинските извештаи велат дека
најмалку 12 лица во средата загинале во претстрелка пред пристигнувањето на Обама. Извештаите велат
дека судирот бил меѓу војници и осомничени шверцери со дрога во јужната држава
Гуереро.
Во интервју од средата за
СиЕнЕн на шпански, претседателот кажа дека
е определен да обезбеди соработка на САД со сите држави во регионот да
се стави крај на моќта и силата на картелите за дрога.
Обама кажа дека САД вложуваат повеќе ресурси на границата за
борба со шверцерите со дрога и исто така работат да се спречи протекот на
готовина и оружје во Мексико.
Неколку илјади полицајци се распоредени во Мексико Сити за обезбедување на главниот град за време на посетата на Обама.
Во средата американската влада именува поранешен федерален обвинител да ги координира напорите за борба против насилството врзано со дрога по должина на американско-мексиканската граница и да се забави напливот на илегални имигранти. Исто така, три мексикански картели се ставени на американската листа на осомничени меѓународни дилери со дрога.