Линкови за пристапност

Белата куќа размислува за отворање кон Иран


Американскиот претседател Барак Обама најави дека САД разгледуваат можности за односи со Иран и се надева дека во наредните месеци ќе создаде услови за директни разговори. На прес-конференција во понеделникот вечерта, Обама рече дека нуклеарната програма на Иран се заканува да започне нова трка во вооружувањето. Тој призна дека ќе биде тешко да надминат годините на загубена доверба меѓу Иран и САД.

Обама верува дека е важно САД да започнат да го намалуваат сопствениот нуклеарен арсенал на ефикасен начин, така што меѓународните договори за неширење на нуклеарно оружје би можеле да станат поцврсти во наредните години. Ваквите договори се ослабени, и доколку во експлозивните региони како Блискиот Исток има нуклеарно оружје, тогаш сите се во опасност, порача американскиот претседател.

На друго надворешнополитичко прашање, претседателот Обама рече дека побарал од генералот Дејвид Петреус да работи со дипломатите и сојузниците на проценка на американскиот ангажман во Авганистан. Целта, според Обама, е да се добие стратегија за елиминирање на терористичките засолништа во пограничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан.

XS
SM
MD
LG