Линкови за пристапност

Наука – раскажана, појасна, попривлечна


„Приказна за науката“ е повеќетомна серија напишана да се бори против научната неукост во информатичкото доба. Овие книги на Џој Хаким се читаат лесно, како авантуристички новели, така што читателите ги примат информациите без да сфатат дека притоа и учат за науката.

Хаким, кој е учител и писател од областа на образованието секојдневно користи компјутер и мобилен телефон, но признава дека и самата не знае за основните принципи според кои се направени:

Живееме во најголемата научна ера воопшто и јас осознав дека сум меѓу оние кои се научно неписмени. Навистина не знаев за што станува збор кога луѓето ќе кажат „квантумска теорија и релативитет“, на пример.

Со оглед на претходното репортерско искуство, Хаким одлучила да ги употреби новинарските способности за да истражува и пишува за науката:

Има два вида на пишување. Некои пишуваат стручно, други – едукативно. Јас како новинар не стравува од која и да е` тема. Само пишував приказни. Внесував научни принципи во нив.

Резултатот од тоа е нова образовна серија – “Приказна за науката“. Првите три дела се фокусирани на физиката:

Физиката е основна наука на нашето време, од која произлегол најголемиот дел од нашата технологија. Започнав со прашањето кое Грците го поставиле многу одамна за универзумот. Од каде доаѓаат ѕвездите? Што се тие? Почнав со Питагора и Архимед.

Првата книга има наслов „Аристотел го покажува патот“. Хаким вели дека античка Грција била најдоброто место за почеток на нејзината приказна за науката:

Најдобар подарок што Грците му го дадоа на светот е нивниот интерес за чисто размислување. Тоа не се случи насекаде. Старите Кинези требало да предводат на патот кон модерната наука. Причината зошто не го направиле тоа е што биле прагматични. Ако владата плаќа или поддржува научни истражувања, владеачите бараат резултати, нешто конкретно за вложените пари. Тоа се покажа насекаде во светот. Единствен Грција била уникатен случај, каде Платон, Аристотел и другите големи умови сакале да размислуваат едноставно поради размислувањето, а заедницата тоа го поддржувала.

Во нејзината втора книга од серијата, „Њутон во центарот“, Хаким ја истражува гравитацијата, движењето и светлината преку животот и делото на големите физичари – Коперник, Галилео и Исак Њутон. Подоцна се впуштила во истражување на животот и работата на модерните физичари со книгата „Ајнштајн додава нова димензија“.

Хаким верува дека нејзиниот пристап на раскажување приказни, а не само факти, ја прави науката попривлечна тема:

Се надевам дека ќе почнеме да ги изучуваме идеите што стојат зад науката. Во училиштата во САД имаме извонредни предавања за науката, со многу практични елементи, експерименти. Забавно е и децата го сакаат тоа. Но, ако тие експерименти не се врзани со размислувања и идеи, тие се безначајни и децата брзо ги забораваат.

Претходната работа на Хаким – „Слобода - Историјата за нас“ беше широко прифатена. Оваа 10-томна серија за американската историја се продаде во околу пет милиони примероци. Но, Хаким вели дека уживала додека пишувала за наука повеќе отколку на која и да е друга тема. Таа продолжува да ги развива научните концепти и приказни во следните три книги од серијата. Тие се бават со геологијата и биологијата.

XS
SM
MD
LG