Линкови за пристапност

Научници декодирале ДНК на болен од рак


Истражувачи на ракот од Универзитетот Вашингтон велат дека направиле важен чекор во разбирање на болеста. По првпат досега, комплетно декодирале ДНК на пациентка заболена од рак и ги проследиле трагите на нејзината болест се` до самите генетски корени.

Истражувачите испитувале малигни крвни ќелии од крвта на жена која починала од акутна мајалоидна леукемија – рак на клетките што ја создаваат крвта во коскената срж.Со години немаше некои големи промени во третманот на болеста, затоа што лекарите немаа сознание како таа се формира.

Доктор Ричард Вилсон и други истражувачи направиле споредба на гените од клетките заболени од рак на пациентката со оние од здравите клетки од нејзината кожа.

-Ова е за прв пат да успееме да погледнеме во целиот збир на гени од пациент со рак.Тоа е важно, бидејќи ќе ни помогне да осознаеме каде е проблемот.

Истражувачите идентификувале десет генетски мутации или промени во клетките заболени од рак.Еден од мутираните гени ги блокирал лековите за хемотерапија, четири други навидум го онеспособувале механизмот во клетката со кој таа се штити да не заболи од рак.

Истражувачите сега работат на идентификување на генетските мутации што може да предизвикаат други видови на рак.

Тие се надеваат дека со едноставен тест на крвната слика ќе може да се идентификува генетскиот состав на секој пациент заболен од рак.Онкологот Рос Левин очекува истражувањето да го промени треманот на пациентите:

-Ќе помогне во одлуката каков третман да добијат пациентите, на кои им е потребен поголем третман, кај кои пациенти е поверојатно ракот да се врати.

Научниците велат дека и осознавањето на генетскиот состав на пациентите заболени од рак ќе им помогне да развијат нови, пофокусирани лекови, а со тоа и да спасат повеќе човечки животи.

XS
SM
MD
LG