Линкови за пристапност

Опозицијата и власта во Македонија се договорија околу Државната изборна комисија


Пратениците од опозицијата и власта во Македонија го реализираа договорот за промена на составот на Државната изборна комисија. Отпочна процедурата што овозможува новиот претседател на ДИК да се именува по препорака на опозиционите партии, со цел да се отстранат сомневањата дека власта има влијание во изборниот процес.

Пратениците ја испочитуваа новата изборна регулатива - почна процедурата за избор на нова ДИК која треба да ја понесе одговорноста - локалната и претседателската изборна трка да бидат спроведени според европски стандарди.

- Ние како Социјалдемократски сојуз ќе предложиме лице кое ќе биде претседател и ќе знае да си ја заврши работата како што треба, изјави Цветанка Иванова од СДСМ.

Доверба во опозицијата изразија и претставниците на владеачката ВМРО ДПМНЕ.

- Сигурен сум дека политичките партии имаат доволен степен, и на искуство, и на политичка волја, низ овој процес да минеме максимално конструктивно, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Измените во изборната регулатива следат по објавувањето на извештајот и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, кои ги набљудуваат изборните процеси. Европската комисија во последиот извештај за Македонија ги сконцентрира главните критики на сметка на државата на инцидентите што се случија за време на последните парламентарни избори. Така, измените во изборната процедура станаа битен критеруим за отпочнување на преговри за членство во Европската унија.


XS
SM
MD
LG