18 или 21- тоа е прашањето. Американците дебатираат дали да ја намалат границата за конзумирање на алкохол. Роналд Реган во 1984-та го потпиша законот со кој возраста беше утврдена на 21 година, но сега некои се залагаат за намалување на границата.
- Ако 18-годишни имаат пристап до алкохол, ќе имаат и
14-годишните.
- Потребна е консистентност во возраста за возење и
пушење.
- Луѓето ќе се чувствуваат покомотно со пониската граница
за пиење. Тоа веќе нема да биде
бунтовништво.
- За мене 21 година не е проблем.
Така велат
обични Американци, запрашани на улица на оваа тема.
На државниот
универзитет Фростбург во западен Мериленд, на околу 240 километри од Вашингтон. Во изминативе десетина години, двајца
студенти тука починаа од труење со
алкохол. Фростбург е типичен американски
универзитет.
По овие два инцидента, Џонатан Гибралтер стана универзитетски претседател. Тој не толерира пиење и уживање во алкохол. Наведува дека од милиони деца кои заминуваат на колеџ, секоја година 1.700 умираат стануваат жртви на алкохол и несреќи поврзани со алкохол.
Неодамна,
Џон Мекардел, професор и поранешен претседател на Колеџот Мидлбури во Вермонт
иницираше движење за намалување на законската граница за пиење на 18 години. Тој ја формираше Иницијативата Аметист,
организација на повеќе од сто претседатели на колеџи. Мекардел верува дека сегашниот закон практично
ги наведува тинејџерите да се кријат кога пијат, а пијат - бездруго:
- Едноставно, ги присилува да одат во подземје, далеку од
јавните места.
Иако има
многумина кои мислат како него, противниците се побројни.
Џен Витерс е родител. Нејзината
5-годишна ќерка загинала во сообраќајна
несреќа што ја причинил 17-годишник под дејство на алкохол. Таа вели дека
сегашниот закон спасува околу
илјада животи годишно.
Контроверзата
по ова прашање продолжува напоредно со конзумирањето алкохол во студетските
домови. Наоѓањето рамнотежа останува
предизвик, и за студентите, и за властите.