Во раните часови на денешната трговија, вредноста на акциите се крена по вестите дека пристига поголема европска помош за проблематичните банки.
Хонгконшкиот Хенг Сенг се крена за десет проценти, додека главната
европска берза порасна за повеќе од пет проценти во раната размена.
Британската
влада вели дека ќе одобри 63 милијарди долари за три
големи банки. Ако банките целосно ја
искористат таа инфузија на капитал,
владата може да стане најголем сопственик на акции во секоја
од нив.
Американските
Федерални резерви, Европската централна банка, Банката на Англија и
Швајцарската централна банка, исто така кажаа дека ќе понудат на комерцијалните банки неограничени заеми по фиксна каматна стапка.
Вчера
францускиот претседател Николас Саркози објави дека
16 европски влади се се согласиле на
план за банките да можат да си
позајмуваат пари меѓусебно.
Господинот
Саркози по парискиот самит кажа дека
ниедна држава сама нема да може конструктивно да се справи со оваа глобална економска
криза.
Исто така во
неделата, претставници на Светската Банка
и Меѓународниот монетарен фонд на
средба во Вашингтон се согласија да ги заштитат
сиромашните и ранливи држави
за време на финансиската криза.
Глобалната економска криза започна со пад на американскиот пазар за недвижнини и неможноста на некои Американци да ги отплаќаат станбените кредити. Неколку финансиски компании од висок профил кои инвестирале во овие заеми пропаднаа, и многу банки сега се помалку расположени да даваат заеми на потрошувачи, бизниси и други банки.
Кризата минатата недела предизвика нагло паѓање на светските индексите на акции.