Линкови за пристапност

Убедлива победа на коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ


На шестите по ред парламентарни избори во Македонија убедлива победа освои ВМРО ДПМНЕ, која ја предводеше колацијата За подобра Македонија. Според првичните неофицијални резултати, за очекување е ВМРО-ДПМНЕ во новиот состав на Собранието да има преку 60 од вкупно 120-те пратенички места. ДИК во неделата пред полноќ од 82,63 насто од преброените гласови соопшти дека коалацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освоила 48,13 насто од гласовите. На второ место е коалицијата Сонце предводена од СДСМ со 22,19 насто освоени гласови. На трето е ДУИ со 11,26 и на четврто ДПА со 10,13 насто од гласовите. ДИК исто така соопшти дека излезноста на овие први вонредни избори во Македонија била 58,47 %.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ според бројот на освоени гласови, и - соодветно на тоа - на пратенички мандати е најголема во историјата на парламентарната демократија на Република Македонија. Претседеателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се заблагодари на гласачите и најави дека неговата партија со уште поголема динамика ке продолжи со реализација на партиската програма која ја започна во 2006-та година, кога ја презеде власта од СДСМ. Груевски исто така најави дека ќе се залага да се повтори гласањето на сите избирачки места каде има индиции дека бил нарушен изборниот процес.

Лидерката на СДСМ, која ја преводеше коалицијата Сонце, најави дека оваа коалиција ке биде конструктивна опозиција која ќе се залага Македонија што поскоро да се интегрира во НАТО и ЕУ. Радмила Шеќеринска во оваа прилика лично презеде одговорност за неуспехот на СДСМ на овие избори. Забуна владее во албанскиот политички блок, каде и покрај резултатите на ДИК што говорат во корист на ДУИ, ДПА прогласи победа и славеше на плоштадот во Тетово. Инаку, сите изразија разочарување од бројните инциденти кои се случија за време на гласањето, при што има и една жртва. ДУИ и ДПА меѓусебно се обинија за причините за овие инциденти.

XS
SM
MD
LG