Линкови за пристапност

НДИ:  Партиите да ги осудат предизборните инциденти


Интервју со Роберт Бенџамин, регионален директор за централна и источна Европа при Националниот демократски институт – НДИ

Роберт Бенџамин, регионален директор за централна и источна Европа при Националниот демократски институт за Гласот на Америка говори дека политичките партии во Македонија треба да ги осудат инцидентите и да го почитуваат кодексот на однесување за време на изборниот процес, што самите го потпишаа.

За инцидентите во изборниот процес, Бенџамин вели:

- Прво - политичките партии сами да се надгледуваат, да обезбедат дека тие и нивните симпатизери дека се однесуваат согласно кодексот на кои самите се обврзаа. Второ – кога ќе се случат инциденти, независно кој стои зад нив, партиите да ги осудат. Трето - да повикаат на соодветна, транспарентна и навремена истрага за инцидентите.

Парламентарните избори во Македонија се одвиваат во круцијален период од демократскиот развој на Македонија - по неодамнешниот исход од Самитот на НАТО во Букурешт и одложувањето на поканата за членство, рече Бенџамин:

- Со задоволство ја поддржавме иницијативата во Македонија – Можеме и Мораме меѓу 36 политички партии кои јавно потпишаа кодекс на однесување, за обезбедување на нормален изборен процес. Тие се обврзаа да се дистанцираат од сите акти на насилство и други нарушувања на изборниот процес.

Изборниот процес е многу е важен и граѓаните на Македонија сакаат фер изборно однесување, смета Бенџамин. Изборите на 1-ви јуни се можност за Македонија да направи исчекор на тој план. Според него, на овие избори гласачите сакаат да видат конкретни решенија за економските прашања, какао и за намалувањето на невработеноста:

- Гласачите се многу загрижени за економијата и економското здравје на земјата, нивниот животен стандард. Мислам дека македонските гласачи, со нивната желба за влез во ЕУ и НАТО, гледаат на членството во нив како на дел од можноста за економски развој.

Без сомневање, иднината на Македонија во НАТО и ЕУ е извесна, вели Бенџамин и додава дека тоа во основа почива на политички консензус меѓу лидерствата на разните етнички заедници земјата. И во следните четири години потребен е консензус во правец на почитување на Охридскиот договор, како јакнење на дијалогот на релација власт-опозиција и меѓу различните етнички групи, вели Бенџамин.

XS
SM
MD
LG