Линкови за пристапност

Полн ден со средби за Буш во Букурешт


Додека се подготвуваше да присуствува на својот последен НАТО самит, претседателот Буш ги претстави своите цели за алијансата.


Во говор пред група безбедносни стручњаци, емитувано во живо на романската телевизија, тој зборуваше за добрите страни на проширувањето, за терористичката закана и за важноста на воената операција на НАТО во Авганистан.

Господинот Буш забележа дека за време на неговото време на функцијата НАТО се прошири за да вклучи нови членки од Балтикот до Црното Море. Тој кажа дека на Украина и Грузија треба да им се даде шанса.

-Овде во Букурешт, мора јасно да кажеме дека НАТО ги поздравува аспирациите на Грузија и Украина за членство и да им се покаже јасен пат кон постигнување на таа цел.

На ова се противат Русија, Франција и Германија. Разликите на самитот може да дојдат до израз и по прашањето за нивото на трупи на НАТО во Авганистан. Претседателот Буш вели дека се потребни повеќе сили.

Подоцна, претседателот Буш се сретна со романскиот претседател Трајан Башеску во претседателското одморалиште на Црното Море.


На заедничка прес-конференција тој го потенцираше учеството на Романија во Авганистан и повторно кажа дека алијансата треба да ги засили сегашните 47 илјади трупи:


-Очекуваме НАТО сојузниците да го прифатат товарот потребен за успех.

Претседателот Башеску се надоврза:

-Секој недостиг на успех на НАТО во Авганистан драматично ќе го намали кредибилитетот на нашата организација.

По враќањето во Букурешт, претседателот Буш се сретна со Јап де хоп Шефер пред официјалната вечера со другите лидери на алијансата.


И претседателот и генералниот секретар предвидоа позитивен исход за Авганистан и за планот да се постави ракетен одбранбен систем во Европа.

XS
SM
MD
LG