Линкови за пристапност

Шариф ќе учествува на изборите во Пакистан


Непосредно пред да ги поднесе документите во градот Лахоре, Шариф подвлече дека никогаш нема да биде дел од некаква коалициона влада под раководство на претседателот Первез Мушарав.

Владини лица, пак, најавуваат дека Мушараф ќе слезе од функцијата армиски шеф и ќе даде заклетва како цивилен претседател во четврток.

Шариф се врати во Пакистан од Саудиска Арабија во неделата, по седум години во егзил.

Тој е последниот од неколкуте опозициони лидери кои се вратија во земјата пред истекувањето на денешниот краен рок за пријавување на изборите што ќе се одржат на почетокот на јануари.

Говорејќи пред голема и енергична група симпатизери наз аеродромот, Шариф рече дека се вратил за да ја спаси земјата, критикувајќи ја вонредната состојба што ја воведе Мушараф и нарекувајќи ја пречка за слободни избори.

XS
SM
MD
LG