Линкови за пристапност

Собраниска дебата за Комитетот за односи меѓу заедниците


Нецел час работа на пратениците по предлогот за донесување закон за Комитетот за односи меѓу заедниците, еден од по проблематичните за кои се очекува пожестока дебата.

Првите забелешки на владиниот предлог доаѓаат од владејачкото мнозинство. Благој Зашов од Новата социјалдемократска партија смета дека овој Комитет повеќе ги раздвојува одошто што ги поврзува етничките заедници во Македонија. Тој е против изјаснувањето на етничката припадност на кандидатите за пратеници, бидејќи, како што вели, не е во духот на граѓанскиот концепт и унитарноста на државата.

- Излегува како националната, односно етничката припадност да е алка во современиот политички живот што го имаме во оваа наша унитарна Македонија за чие име се бориме.

ДУИ пак, напротив, смета дека истакнувањето на етничката припадност не го нарушува унитарниот карактер на земјата, и на ваков начин овозможува афирмација на сите етнички заедници, вели Азис Положани.

- И ценам дека е во духот и во правец на консолидација на етничката димензија на политичкиот систем на Република Македонија.

Владата предлага Комитетот да има 19 членови - по седум од македонската и албанската етничка припадност и по еден од сите останати помалубројни - српската, ромската, влашката, турската и бошњачката.

Се очекува седницата да трае долго, поради големиот број амандамни. Шест се од СДСМ, кои ќе го поддржат законот иако сметаат дека тој решава само еден посто од проблемот. Три се од ЛДП која инсистира законот да важи и за актуелниот собраниски состав, а два од Демократската партија на Турците.

Два амандмани поднесе и ДУИ. Со едниот тие инсистираат во листата на законите за кои ќе биде надлежен Комитетот да биде и Законот за јазиците.

XS
SM
MD
LG