Во 1992 демократскиот претседателски кандидат Бил Клинтон го порази тогашниот републикански претседател Џорџ Буш, таткото на сегашниот претседател Џорџ Буш со разлика од околу 6 милиони гласови. Но кандидатот од третата партија, Рос Перо, обезбеди околу 20 милиони гласови. Многу политички набљудувачи рекоа дека гласовите дадени за Перо јасно се одразиле на крајниот исход од натпреварот помеѓу Буш и Клинтон.
САД имаат две големи политички партии, Деморатска и Републиканска. Но постојат и Зелената, Либералната и Социајалистичката партија. Овие и други таканаречени „трети“ партиии не успеале во трката за Белата куќа. Причината за тоа е структурата на Изборниот колеџ, кој фактички го избира претседателот. Ова е Бенџамин Гинсберг од универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон:
-Ние всушност немаме едни национални избори. Имаме 50 претседателски избори ширум земјата кои се одржуваат истиот ден. И во секоја држава гласовите на Изборниот колеџ се за кандидатот што освоил најмногу гласови во неа.
Ралф Нидер се натпреваруваше под знамето на Зелената партија во 1996 и 2000, и како независен во 2004. Тој вели дека проблемот на третите партии не е само заради системот на Изборен колеџ:
-Системот не охрабрува бидејќи нема пропорционално претставување и нема втор круг на гласање. Тоа не го охрабрува повеќепартискиот развој.
Иако кандидатите на третите партии не победуваат, тие се обвинувани дека ги расипуваат сметките на другите. Од тој аспект некои експерти го гледаат учество на Ралф Надер во трката во 2000 та.
Исходот од претседателските избори во 2000 беше познат по пребројувањето на гласовите во југоисточната држава Флорида. Републиканскиот кандидат Џорџ Буш победи против неговиот ривал од демократската партија, Ал Гор со разлика од само 537 гласа. Победата на Буш во Флорида му овозможи да ги добие гласовите на Изборниот колеџ и да влезе во Белата куќа, иако на национално ниво Гор доби повеќе гласови од граѓаните.
Надер освои повеќе од 97 илјади гласови во Флорида, разгорувајќи ја дебатата околу тоа што ќе се случеше ако тој не учествуваше во гласањето.
Некои политички набљудувачи велат дека друга е причината зошто третите партии не победуваат во трката за Белата куќа и обично не добиваат места во конгресот. Кендис Нелсон е од Американскиот Универзитет во Вашингтон:
-Нивните прашања, ако се резонантни, ако Американците се заинтересирани за нив, можат да бидат апсорбирани од една од двете поголеми партии, и тоа е причината зошто третите партии ја губат силата пред гласањето.