Линкови за пристапност

Буш бара Конгресот да реши по однос на  владините трошоци


Претседателот Буш вели дека Конгресот не си ја врши работата:

- Претставничкиот дом изгуби драгоцено време во постојани истраги. И Сенатот изгуби драгоцено време на бескрајни серии неуспешно гласање за да се повлечат нашите трупи од Ирак.

Откако ја презедоа контролата врз Конгресот, демократите во претставничкиот дом вршеа истрага по отпуштањето од работа на неколку обвинители во Одделот за правда. Сенатските демократи се обидуваа - неуспешно - да го натераат претседателот да повлече трупите од Ирак.


Претседателот Буш вели дека тие попрво требало да гласаат по законите за апропријации за финансирање на федералната влада.


Демократите сега разгледуваат комбинирани апропријации за Одделот за правда и ветеранската администрација со трошоците за труд, здравство и образование. Ако тоа го усвојат, претседателот вели дека ќе стави вето на тој, како што го нарекува, куп од три закони ставени во едно:

-Тешко е да се замисли поцинична политичка стратегија отколку обидот да се држи во залог финансирањето на нашите борбени сили и повредени војници за сметка на изнудување 11 милијарди долари дополнителни средства за социјални трошоци.

Претседателот тврди дека демократите се обидуваат да ги зголемат даноците во легислативата за фармерството, енергијата, малите бизниси и програмата со која се обезбедува здравствено осигурување за сиромашните семејства.


Буш вели дека ја поддржува програмата за проширување на здравствената заштита, но не толку колку што сакаат демократите, бидејќи, како што вели, тоа ќе премести повеќе луѓе од приватното осигурување во програми со кои раководи владата.

Претседателот еднаш веќе стави вето на таа легислатива. Демократите повторно ја туркаат со промени што ги бараа некои републиканци за да обезбедат побогатите семејства и недокументираните илегални имигранти бидат изземени.


Претставници на Белата Куќа велат дека демократите се повеќе заинтересирани да го употребат прашањето со здравствената заштита на децата за нанесување штета на претседателот отколку што се заинтересирани за наоѓање решение.

XS
SM
MD
LG